Greenwald-and-Poitras

The Washington Post и The Guardian се добитници на годинешното доделување на Пулицеровата награда во категоријата за служење на јавноста во делот за новинарство. Овие весници ги објавија или продолжуваат да објавуваат истражувачки статии поврзани со следењето на комуникациите од страна на Американската Агенција за Безбедност (NSA). Информациите беа дадени од страна на Edward Snowden кој што е прогласен за предавник и моментално се наоѓа на непозната локација за која што се верува дека е некаде во Русија.

Информациите кои што ги „протече“ Snowden започнаа дебата во општеството за степенот на приватност на податоците и комуникацијата на интернет, како и моќта на владините агенции кои што имаат за цел контрола на се што се случува. Ова доведе до одредени наводни промени во начинот на работа на овие агенции, нешто иницирано од страна на Обама, меѓутоа недовербата во приватноста остана и ќе остане уште долго.

Glenn Greenwald е авторот на статиите од The Guardian за кого се верува дека е единствен кој што има пристап до информациите од Snowden. Во The Washington Post автор на статиите е Laura Poitras.

Edward Snowden даде изјава за The Guardian во која што кажува:

Денешната одлука е оправдување за секој кој што верува дека јавноста има улога во владите. Ние им должиме на храбрите новинари и нивните колеги за нивните напори кои што продолжија да работат и покрај големите заплашувања, вклучувајќи и присилно уништување на новинарски материјали, несоодветното користење на законите за тероризам и многу други средства на притисок наменети да ги запрат активностите кои што светот денеска ги препознава како витални и важни за јавноста.

Извор: Mashable

Претходна статијаСкенирањето на email пораките официјално дел од Условите за користење на Google
Следна статијаНа повидок систем кој овозможува плаќање со дланка?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.