Сигурно во текот на вчерашниот ден забележавте дека, не сите, но голем дел од сликите на Facebook, како и на Instagram, а тука треба да се вклучат и Stories, не можеа да се отворат, а на нивно место, иако мрежите работеа, стоеше празно место.

Проблемот е веќе среден, а од Facebook го потврдуваат и истакнуваат дека се има случено поради грешка во дел од одржувањето на серверите и сервисите.

Покрај овие две мрежи, проблем можеше да се забележи и кај Messenger, но и кај WhatsApp при испраќањето на пораки.

Проблемот којшто се има јавено, привлече внимание поради една друга работа која излезе на површина. Познато е веќе одреден период дека Facebook користи машинско учење за проценка што има на сликите кои корисниците ги гледаат.

Тоа што сликите не се појавуваа одреден период во текот на вчерашниот ден, ги покажа информациите коишто Facebook ги има за нив, односно како машинското учење ги означува.

Па така, зависно од тоа дали се препознава лицето на корисникот или не, на сликите можеа да се видат информации како, името на корисникот на профилот, содржината на сликата како луѓе, небо, надвор, смеење, играње и слично.

Иако ова веќе беше познато, сепак многу луѓе ги потсети што се не знаат друштвените мрежи за нас и колку информации им оставаме кога објавуваме слики.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЕкспертот за развој Ранко Рајовиќ открива како дигиталното доба влијае на интелектуалниот развој на децата
Следна статијаКако да го преживеете сексот, лагите и недвижниот имот и зошто младите луѓе си заминуваат од Хрватска?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.