Инстаграм

Од почетокот на овој месец, повеќе стотици корисници почнале со пријавување на хакирање на нивната Instagram сметка. Хакирање на сметките на друштвените мрежи, освен кога не се работи за милиони сметки, не е ништо чудно, нити ретко.

Она што го прави овој случај специфичен е начинот на којшто се хакираат овие сметки, односно тоа што го пријавуваат корисниците, а во сите случаеви е истата „приказна“.

Во главно, сите корисници имаат пријавено дека не можеле да се вклучат на својот профил, односно биле одјавени, а при обидот да се најават им било прикажано дека таква сметка не постои. Причината за тоа е што по хакирањето, се правело промена на корисничкото име, но и имејл адресата поврзана со сметката, како и телефонскиот број.

Имејл адресите на сите хакирани сметки биле променети со такви кои завршуваат на .ru доменот, променета била профилната слика, меѓутоа ништо друго не било избришано или дополнително објавено.

Посебно „загрижува“ информацијата дека хакирани биле и сметките на кои била вклучена дво-факторската автентикација, нешто што треба да ги направи сметките скоро невозможни за хакирање.

ИЗВОРMashable
Претходна статијаСтудија ја истражува интеракцијата на луѓето со робот кој во одредени ситуации „моли“ да не биде исклучен
Следна статијаOneDrive за Windows 10 овозможува автоматско зачувување на Desktop, Documents и Pictures папките
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.