Playboy Enterprises, Inc. (PRNewsFoto/Playboy Enterprises, Inc.)

После бришењето на страните од своите компании од страна на Елон Маск, сега уште едно големо и познато име реши да го направи истиот чекор. Playboy ги избриша своите страни од Facebook и со тоа остави, како што истакнуваат, дури 25 милиони фанови без нивно присуство на оваа мрежа.

Како што знаете, причината за бришењето на страните е случајот со Cambridge Analytica којшто посериозно излезе во јавноста минатата недела. Во основа, оваа компанија доаѓа до податоци за 50тина милиони корисници на Facebook, без притоа да прекрши некои од правилата на мрежата.

За Facebook веќе одамна се збори дека не е само обична друштвена мрежа и дека корисниците премногу податоци оставаат на истата, притоа игнорирајќи ги предупредувањата за „опасноста“ од тоа.

Интересна работа забележаа и истакнаа „колегите“ од The Verge, а тоа е дека голем број од компаниите кои вака се одлучија за напуштање на Facebook, не го направија истото со своите сметки на Instagram. Оваа друштвена мрежа која полека станува повеќе популарна од Facebook, е во сопственост на Facebook, па „горе-доле“ ги има истите правила и начин на функционирање кога е во прашање приватноста на корисниците и собирањето на нивните податоци.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Playboy
Претходна статијаApple претстави нов 9,7 инчен iPad – ќе има посебна цена од 299 долари за училиштата
Следна статијаНаучниците успешно отстранија Алцхајмер од глувче
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.