http_blue_background_by_soulart2012-d5fu5n2

Во последните години излезе на површина степенот до кој што тајните служби во светот, а посебно американската NSA, го искористуваат напредокот на технологијата и нејзиното масовно користење од страна на корисниците за меѓусебна комуникација. Како што во повеќе наврати можеше да се прочита од весниците кои што ја пренесуваа содржината од податоците кои што ги обезбеди Edward Snowden, овие служби вршат масовно следење на комуникацијата кој што се одвива преку интернет, како email пораки, инстант пораки и слично, како и гласовната комуникација која што се одвива преку мобилните мрежи. За таа цел тие поседуваат, а се и во изработка на нови дата центри во кои што треба да се собираат и анализираат сите информации предмет на следење, кои што разбирливо поради масовноста, не може ефикасно да бидат следени од страна на луѓе.

Меѓутоа во последните години станаа доста популарни и апликациите за размена на слики, а тука е и Facebook мрежата која што е преполна со разни слики поставени од страна на нејзините корисници. Според информациите од The New York Times, NSA има започнато со следење и собирање на милионите слики кои што се постираат и разменуваат преку интернет. За таа цел тие имаат развиено, а користат и надворешни софтверски решенија за препознавање на лицата. Со развојот на технологијата, се развива и способноста на софтверот да ги препознава лицата на сликите, а тоа најдобро се гледа преку tag функцијата на Facebook, која што се унапредува до нивото на човечката способност со тек на време. Ова значи дека корисниците низ светот самите и доброволно ја олеснуваат работата на ваквите агенции, оставајќи голем број на информации кои што потоа се искористени.

Од документите кои што ги поседува The New York Times може да се види дека NSA дава исто така големо значење на сликите, отисоците од прсти и слични информации, како што тоа го прави одамна за гласовната комуникација и комуникацијата преку пораки.

Извор: The New York Times, TechCrunch

Слика: DeviantArt

Претходна статијаSamsung го претстави својот прв телефон што работи на Tizen OS
Следна статијаiOS 8 официјално претставен на WWDC 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.