Сликата е превземена од Pro Publica
Сликата е превземена од Pro Publica

Според документите „протечени“ од страна на Edward Snowden во 2008 година, Американски и Британски разузнавачки агенции почнале со шпионирање на ликовите на играчите на online игрите како World of Warcraft и Second Life. Овие игри се познати по креирањето на виртуелни карактери со кои што потоа се играат игрите. При играње на истите можно е комуницирање помеѓу играчите преку текст и аудио пораки.

Она што овие агенции го имаат направено е креирање на нивни карактери во игрите кои што имале за задача да следат и проверуваат одредени играчи, како и инфилтрирање во големиот број на групи, сето ова во самата игра. Покрај креирањето на карактери во играта, односно виртуелни шпиони, овие агенции имаат развиено и софтвер преку кои што собираат комуникација која се одвива помеѓу други играчи.

Објаснувањето на агенциите за преземањето на вакви чекори, кои што повторно укажуваат на нарушувањето на приватноста на интернет корисниците, е можноста на терористичките групи да ја искористат приватноста и можноста за комуникација во рамките на овие игри. Тие преку креирање на карактери би се вклучувале во овие игри и потенцијално би договарале одредени незаконски дејства.

Според информациите, овие агенции до сега немаат наидено или откриено вакви терористички групи, па се поставува прашањето дали тие воопшто и ги користат игрите за вакви активности.

Компаниите кои стојат позади овие игри или играчките конзоли изјавуваат дека не се запознаени со вакви активности од страна на агенциите за разузнавање и доколку тие навистина биле искористувани за разузнавачки активности, тоа се правело без нивна дозвола.

Во продолжени можете да ја погледнете репортажата за оваа вест од страна на The New York Times.

Извор: The New York Times, Pro Publica, The Guardian.

Претходна статијаШто се очекува од наредната надградба на Windows 8
Следна статијаИнтересни Windows концепт дизајни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.