Пред неколку дена Фејсбук најави промени во алгоримот кој одредува што ќе појавува во вашиот дел за новости. Според статусот на Марк Закерберг, тоа е бидејќи сакаат времето поминато на нивната социјална мрежа да биде квалитетно потрошено. Идејата е да се даде предност на значајните интеракции. Оттука прашањето: како Фејсбук ќе ги промовира овие интеракции и едуцира корисниците за нив?

Одговорот е едноставен – се планира воведување на downvote копче. Со кликање на ова копче би дошло до криење на коментарите кои се означени. Засега, во процес е тестирање на downvote копчето на ограничен број на јавни страници. Ова го потврди компанијата за познатиот TechCrunch. Накусо, целта е да им се овозможи на корисниците лесно да му сигнализираат на Фејсбук дека одреден коментар е несоодветен, нечовечки или збунувачки.

Еве што изјавуваат од Фејсбук:

“Не планираме да воведеме копче за ознака дека некој пост не ви се допаѓа. Во фаза сме на истражување како да им овозможиме на корисниците да ни даваат фидбек за коментарите на јавните постови.”

Што се случува всушност?

Кога ќе се притисне копчето, коментарот се крие. Потоа, на корисникот му се нуди да доспецифицира дали тој коментар бил навредлив, збунувачки или вон темата. Ова може многу да му помогне на Фејсбук да сфати дали коментарот е објективен, дали објавата е некој вид на лажна вест или ирелевантен. Од она што ни е достапно досега, ја имаме едноставната опција за криење на коментар. Сепак, не можеме да означиме и со тоа да се доизјасниме зошто сме сакале да скриеме одреден коментар.

Според Фејсбук, засега се во експериментална фаза кога се прават краткотрајни тестови. Тестовите засега немаат ефект врз означените објави, страници или коментари. Оваа функционалност е дизајнирана за да се подобри социјалната мрежа, но не и да му се даде до знаење на одреден корисник што мислиме за неговиот пост. Моментално, околу 5 % од Андроид корисниците во Америка се дел од овој експеримент.

ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаВакцината која „уништува тумори“ конечно може да се испитува на луѓе
Следна статија1080p gaming искуство конечно нема да биде луксуз