GooglePlay_EOY-infographic_v7

Со оглед дека сме скоро половина на Декември, полека можеме да очекуваме да почнат да излегуваат топ листи за разни сервиси, производи и слично од компаниите. Од вчера е достапна топ листа на најмногу симнувана содржина преку Play продавницата за апликации на Android.

Play продавницата вклучува повеќе видови на содржина, односно преку неа можете да симнете апликации, музика, филмови, како и содржина уште не достапна кај нас, серии и списанија.

Најпопуларните апликации симнувани од страна на корисниците се следните:

Најмногу симнувани апликации по категорија

Едукација – Duolingo

Здравје и фитнес – MyFitnessPall

Музика – Pandora

Фотографија – Flipagram

Социјални мрежи – Facebook

Забава – Netflix

Спорт – NFL Mobile

Патување – Trip Advisor

Целосната листа е направена во форма на инфографик и можете да ја погледнете во продолжение.

Google Play - End of Year Infographic - 2014 - FINAL

Извор: Google

Претходна статијаNSA прислушкувала 70% од светските телекомуникациски мрежи
Следна статијаСупер свитлив сензор осетлив на допир
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.