office-365-logo

Како што беше најавено од страна на Microsoft минатиот месец, претплатниците на некој од пакетите на Office 365 за приватни корисници од оваа недела го добиваат зголемениот простор на OneDrive од 1TB. Зголемувањето на просторот е од досега достапните 20GB кои што следуваат со претплатата на Office 365.

Office 365 веќе нуди простор од 1TB за бизнис корисниците, нешто што во овој конкурентен пазар сега е достапно за сите корисници. Office 365 претплатата нуди неколку пакети кои што се достапни во Македонија. Со секоја претплата корисниците добиваат вклучен простор во облакот преку OneDrive сервисот. Со месечна претплата од 330 денари добивате можност за инсталирање на Office програмите на еден PC компјутер, како и на еден таблет компјутер. Втората претплата која што е наменета за семејствата нуди инсталација на 5 PC компјутери и 5 таблет компјутери, како и еден час месечно разговори на Skype. Втората Office 365 претплата чини 470 денари месечно, а вклучениот простор од 1TB можете да го доделите на 4 дополнителни корисници.

office-365-storage

Како што беше најавено просторот од 7GB за бесплатната сметка на OneDrive веќе е сменет во 15GB. Со овие промени OneDrive станува доста поконкурентен и ја покажува сериозноста на компанијата на пазарот на сервиси во облакот, нешто што го најави како приоритет новиот директор Satya Nadella.

Претходна статијаVisa станува конкурент на PayPal, го претстави Visa Checkout
Следна статијаИнтересен концепт за тоа како би можел да изгледа Nexus 8 од HTC
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.