outlook-com

Кога ќе се претплатите да користите email услуга од Outlook.com или до пред некое време Hotmail.com и Live.com, мора од време на време да се најавувате на овие сервиси, во спротивно истите може да ви бидат исклучени и сите email пораки избришани од серверите. За да не ви биде избришана корисничката сметка, мора најмалку на секои 270 денови да се најавите барем еднаш. Доколку не се најавите истата ќе бие избришана, поради претпоставката дека не ја користите.

Иако никаде не е точно нагласено, излезе информацијата, која што од Microsoft ја потврдија, дека доколку ви биде избришана корисничката сметка, името што го имате користено како ваша email адреса, повторно ќе стане достапно за избор после изминати 360 денови, па истата email адреса веќе кој сака ќе може да почне да ја користи. Иако можеби ова не делува како нешто проблематично, 2 години се немате најавено на вашата сметка, сепак групите за заштита на приватноста сметаат дека ова претставуваа потенцијален проблем. Проблемот настанува со тоа што вие можеби ја имате користено таа email адреса како backup адреса на некоја сервис што го користите, па новиот корисник да дојде до пораки што се наменети за вас. Исто така со користењето на вашата адреса потенцијално може да се дојде до други сервиси што ги користите. Веќе има пријавено случаи каде корисник на одредена адреса, добива пораки од роднини и бизнис познаници на претходниот сопственик на адресата.

Употребата на стари email адреси го прави и Yahoo, кои што беа доста критикувани за истото.

Претходна статијаMicrosoft воведе можност за бришење на старите надградби во Windows 7 SP1
Следна статијаДодатете слики на Glance екранот со Glance Background
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.