Salesforce
Фото: WealthBox

Првиот човек на компанијата Salesforce, Марк Бениоф, е последниот во низата технолошки магнати кој се огласи по прашањето за влијанието на друштвените мрежи врз општеството. Тој смета дека Facebook и другите социјални мрежи би требале да бидат законски регулирани како компаниите кои произведуваат цигари. До ваквиот заклучок тој доаѓа според нивото на зависност и штетниот ефект кој тие го создаваат.

Salesforce CEO Marc Benioff: There will have to be more regulation on tech from the government
преземено од: CNBC.

„Социјалните мрежи треба да се идентично регулирани како индустријата за цигари!“, ќе изјави Бениоф за CNBC на Светскиот економски форум кој се одржува во швајцарскиот град Давос.

Слично како и цигарите, кои создаваат зависност и се штетни по луѓето. Иако постои огромна разлика помеѓу овие два производи, може да се повлече паралела. Технологијата има моќ да создаде зависност кај луѓето. Оние кои ја креираат работат оваа моќ да биде уште поголема, а наша должност е тоа да го ограничиме.

Човекот кој е еден од најмоќните во индустријата, на чело на Salesforce вреден повеќе од 4 млд. смета дека неопходно е да се изнајде регулатива со која истата ќе се ограничува. Иако веќе постојат извесни ограничувања, тој силно охрабрува воведување нови.

Интересно е што тој не е единствениот од оваа бранша кој се залага за нови построги ограничувања. Некогашниот ментор на Марк Зукерберг, Роџер МекНами речиси потполно се сложува со овој став. Претходно со сличен став излезе и првиот претседател на Facebook, Шон Паркер. Тој смета дека социјалните мрежи ја експлоатираат ранливоста на човечката психологија.

Facebook е предмет на низа негативни критики кои особено се интензивираа по 2016-тата. Не може да се рече дека истите се неосновани, но секој малку поупатен може да го лоцира коренот на проблематиката. Она за што примарно се наменети друштвените мрежи, како да излезе од контрола.

Извори: TheGuardian, CNBC

Претходна статијаHacker Rank: Децата од 80тите почнувале со програмирање многу порано од денес
Следна статијаiOS 11.3 ќе нуди контрола врз механизмот кој ги забавува уредите