Кина воведе забрана за социјалните сајтови Facebook и Twitter во 2009 година. Покрај овие сајтови Кина во 2012 година воведе забрана и за познатиот портал за вести The New York Times поради објавени критики за поранешен Кинески премиер.

Најавена во Јули 2013 во областа на Шангај почна да функционира Слободна трговска зона направена од владата во Кина со цел привлекување на бизниси од странство. За да ја помогне оваа зона, како и странците што би требало да доаѓаат, владата на Кина реши само во таа област да ја тргне забраната за Facebook и Twitter, како и порталот за вести The New York Times. Со оваа одлука владата се надева дека ќе привлече повеќе странски бизниси, а со тоа да воведе значајни економски и финансиски реформи во земјата.

Единствен начин да се пристапи до овие сајтови на остатокот од граѓаните е преку користење на VPN сервиси, кои што веќе се користат во одредени хотели, бизнис центри и слично. Дали можеби политиката на цензура ќе доживее олабавување останува да видиме.

Претходна статијаFacebook тестира автоматско пуштање на видеата на мобилната апликација
Следна статијаOS X 10.9 Mavericks најновата надградба на познатиот оперативен систем од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.