Како што беше случајот со Messenger по зголемувањето на бројот на корисници кои ја користат друштвената мрежа за комуникација, така и сега со Instagram се планира издвојување на делот за пораки како посебна апликација.

Уште тогаш Марк Цукерберг изјави дека една апликација најдобро може да прави една работа, па издвојувањето на две функции во посебни апликации оди во правец на подобрување на тие апликации.

Instagram Direct се вика новата апликација и моментално е достапна во тест фаза во ограничена бројка на земји. Дали ова значи дека дефинитивно за одреден период апликацијата ќе биде достапна за сите корисници не е познато, па изгледа зависи од резултатите од тест периодот.

Корисниците кои ја инсталираат Direct апликацијата, веќе немаат дел за пораки во Instagram, што е очекувано и целта на новата апликација.

Што се однесува до функциите, оваа апликација ги има сите досега достапни, а поради посебниот развој, доколку стане официјална, се очекува зголемување на нејзините функции значително.

Акцентот како што се очекува е ставен на камерата, сепак се работи за друштвена мрежа за споделување на слики. Се разбира, тука се и текстуалните пораки до кои се доаѓа преку повлекување на десната страна.

Повеќето корисници претпоставувам ќе реагираат негативно на оваа новост, како што беше случајот со Messenger, меѓутоа како и секогаш, кога не е оставен избор, тие ќе се навикнат.

Доколку Direct стане официјална апликација, тоа ќе биде трета посебно развивана апликација од страна на Facebook, покрај Messenger и WhatsApp.

Извор и фото: The Verge

Претходна статијаApple е во преговори за купување на познатата Shazam?
Следна статијаPickbox ги носи најголемите класици на продукцијата од поранешна Југославија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.