Shutterstock.com

Сигурно голем дел од вас ќе се сложат дека „работата“ со лајковите на објавите е дојдена до ниво кое слободно може да се каже дека загрижува. Секој е спремен скоро се да направи само за да собере што повеќе лајкови, а веќе не се ни размислува што е тоа што се објавува.

Големите друштвени мрежи веќе размислуваат да го променат ова, меѓутоа за нив причината е сигурно друга. Бркањето на лајкови е нешто што создава негативна енергија кај корисниците, а друштвените мрежи сакаат да корисниците имаат позитивно искуство на нивната мрежа.

Според информации пронајдени во кодот на Instagram апликацијата за Android, од веќе познатата Џејн Манчун Вонг, од мрежата изгледа размислуваат за криење на бројот на лајкови кои ги имаат објавите.

На објавите, како што може да се види од сликата, ќе стојат малите сликички од корисниците кои имаат ставено лајк, ќе стои едно или неколку имиња, по што ќе следи ознаката „и други“, наместо бројот на лајкови.

Иако тој што ја има објавено објавата ќе може да го види бројот, сепак ќе знае дека тие што го следат неговиот профил, нема да може да ја видат бројката, со што ќе се намали „притисокот“ за популарност.  

Со оглед на тоа што лајковите ќе останат, а ќе може да ги види и тој што објавува, алгоритамот ќе продолжи да зависи од оваа бројка, меѓутоа нивното значење ќе биде до некаде намалено.

Бројката на следбеници на профилите ќе остане, што значи дека и влијанието, односно големината на одреден профил, ќе може да се види повеќе од таа бројка, а не преку добиените лајкови.

Не ретко имаме видено како луѓе со обични профили, односно луѓе кои не се јавни личности и слично, премногу внимаваат на бројот на добиени лајкови, па доколку некоја слика има бројка под очекувањата, истата се брише. Овие корисници иако ќе можат да видат дека некоја слика има помалку лајкови, сега веќе нема да мора да се „грижат“ дека тоа ќе го видат и другите.

Од Instagram ја потврдуваат информацијата, меѓутоа истакнуваат дека истата не е за јавноста и се’ уште не е дојдена ни до фаза на тестирање. Тоа значи дека не е сигурно дека промената ќе дојде кај оваа мрежа, а секако и не се работи за мала промена.

Twitter веќе тестира нешто слично. Бројот на направени „ретвитови“ не е се прикажува веднаш до иконата, па корисниците треба да направат дополнителен клик за да ја видат.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#6)
Следна статијаБил Гејтс ги памтел регистрациите од возилата на вработените за да провери кој колку време е на работа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.