Instagram може да се каже дека е „главната“ друштвена мрежа оваа година, а Stories една од најмногу користените функции на апликацијата. Од компанијата активно работат на додавање на нови функции со што мрежата никогаш не може да се каже дека не привлекува дополнително внимание.

Мината недела можевме да прочитаме дека Instagram тестира нов стикер за „приказните“ кој ќе ги надополни веќе достапните стикери за анкети и поставување на прашања на кои може да се одговори со поставување на лизгач на саканата позиција.

Најновиот стикер, Questions Sticker, е до сега најмногу интерактивен и ја прави Stories функцијата место каде пријателите веќе не се тука само да гледаат што имаме објавено.

Стикерот овозможува да се поставуваат прашања од страна на пријателите на тој што ја објавува приказната. Поставените прашања може да се видат во листата која прикажува кој ја има видено приказната, а одговорот на прашањата се објавува како нова приказна.

Од Instagram истакнуваат дека поради приватност, името и сликата на тој што поставува прашања нема да се прикажува на останатите, па другите пријатели ќе можат да ги видат прашањата и одговорите без да знаат од кого се.

Новиот стикер веќе е достапен во најновата верзија на Instagram за Android и iOS и може да се додаде во приказната како и останатите стикери досега.

ИЗВОРInstagram
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаНова слика го потврдува дизајнот на Galaxy Note 9 кој ќе биде ист како ланскиот Note 8
Следна статијаМедитација – како преживеале момчињата од Тајланд
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.