Забележано од страна на неколку корисници, Instagram повторно се спрема за воведување на нешто ново во нивната апликација, а конкретно во се повеќе популарната Stories функција. Stories веќе имаат можност за поставување на прашања, направени во форма на анкета или во форма на „лизгач“ за покажување на нивото на сложување со изјавата.

Најновиот начин којшто се тестира, овозможува поставување на одредено прашање, а корисниците ќе можат целосно со текст да одговорат во посебното поле поставено под прашањето.

Android Police

Не е познато дали одговорот ќе биде доставен во сандачето на корисникот, односно како директна порака или ќе биде некако прикажан во приказната, што би било поинтересно.

Од Instagram најавија дека Stories ги користат 400 милиони корисници, а друштвената мрежа генерално станува се повеќе популарна, според некои информации и на сметка на Facebook.

Како и секој тест на нова функција, така и овој, може да не биде воведен официјално во апликацијата, па останува да видиме. Како и да е, од компанијата покажаа дека активно воведуваат нови работи на нивната апликација, а тоа е и една од причините зошто се зголемува популарноста, па сигурно ќе видиме нешто ново во периодот што следи.