Instagram изминатиот период се покажува како се повеќе популарна друштвена мрежа која со тек на време сигурно ќе ја надмине и Facebook, па „среќа“ што таа е во нивна сопственост. Веќе и да нема оправдание доколку некој бизнис кој стандардно е присутен со страна на Facebook, да нема и Instagram профил.

Оваа друштвена мрежа веќе одреден период им овозможува на бизнисите да во своите објави ги означат производите, па корисниците да можат да ги купат.

Според неофицијални извори на The Verge, Instagram планира и оваа функција да ја издвои во посебна апликација, како што тоа го направи со видео содржината и посебната IGTV апликација.

Продавачите би имале посебна апликација преку која ќе можат да ги нудат своите производи, додека корисниците ќе добијат уште едно место за купување кое постепено ќе им стане конкуренција на веќе светски познатите.

Facebook, како и Instagram, со својата база на корисници сигурно може да се замисли како посериозно влегуваат во овој пазар. Тие веќе претставуваат незаменливо место каде продавачите на производи и услуги можат да ги понудат нив, па претставувањето на посебна и само за тоа специјализирана апликација дефинитивно делува како логичен потег.

Останува само да видиме дали ќе има нешто од најавите дека Facebook треба да се подели, односно да ги продаде своите купени бизниси како Instagram и WhatsApp поради обвинувања за монополска позиција на пазарот и преголема моќ.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаПоголемиот iPhone XS модел ќе ја носи ознаката Max наместо досегашната Plus
Следна статија„Идејните татковци“ на Bitcoin (дел 1/2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.