Instagram изминатите години може слободно да се каже дека стана друштвената мрежа број 1 во светот. Иако Facebook го задржува својот број на активни корисници, мрежата замислена само за објава на слики и видеа, привлекува многу повеќе внимание.

Со тоа, можноста за испраќање на пораки преку Instagram, нешто што веќе одамна го има, е нешто што е незамисливо да не постои на една ваква мрежа. Корисниците иако во главно комуницираат преку другите апликации за разговори, во голем дел комуницираат и преку директните пораки на Instagram.

Од компанијата, поточно Facebook, веќе одамна најавуваат дека можноста за испраќање на пораки ќе биде овозможена и на веб верзијата од мрежата, но тоа никако да се случи. Сепак, за разлика од Facebook, Instagram е мрежа која почна директно на мобилните уреди, па корисниците на нив се навикнати да ја користат.

Од оваа недела директните пораки почнуваат да стануваат достапни и за веб верзијата на Instagram, што значи дека корисниците ќе можат да разговараат преку оваа мрежа и од нивните десктоп компјутери.

Разговорите ќе изгледаат и ќе функционираат исто како и на мобилните, односно корисниците ќе можат да испраќаат и примаат пораки, да креираат групи на разговори, да испраќаат слики од нивниот компјутер, да лајкуваат и слично.

Оваа нова можност моментално е пуштена како тест кај ограничен број на корисници, а од компанијата се надеваат на многу скоро ќе ја пуштат и за сите останати, а еве ја и објавата на главниот на Instagram во рамките на Facebook на неговиот Twitter профил.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПо Galaxy Bloom сега Galaxy Z Flip се најавува како името на наредниот телефон од Samsung со екран кој се превиткува
Следна статијаFacebook ќе ги известува корисниците кога ќе се најават на други сервиси со својата Facebook сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.