На почетокот од летото Instagram почна да ја тестира можноста да ја тргне бројката на лајкови која ја имаат објавите и со тоа истата да им остане достапна само на тие што ја имаат направено објавата, но не и за тие што ја гледаат.

Причината поради која воопшто се размислува за вакво нешто се истражувањата кои покажуваат дека друштвените мрежи се голем фактор во причините за појава на анксиозност и депресија кај луѓето. Иако, како што истакнуваат од Instagram, нема докази дека тргањето на бројката на лајкови од објавите би имало позитивен ефект на состојбата на корисниците, тие сепак сметаат дека ќе го намалат притисокот при користењето на мрежата, односно ќе ја направат да не биде до тој степен простор за конкуренција помеѓу корисниците.

Тестот на Instagram започна во Канада, по што беше проширена во дополнителни 6 земји. По неколку месеци на тестирање, од оваа недела тестот треба да биде проширен и во САД, односно на дел од корисниците на оваа земја.

Од ова може да се заклучи дека тестот има поминато прилично добро во останатите земји, па може да се почне да се тестира во земјата која има голем процент од корисниците на мрежата.

Доколку се дојде до одлука оваа промена да им биде пуштена на сите корисници, друштвената мрежа дефинитивно ќе доживее суштинска промена во начинот на функционирање. „Мерењето“ на бројот на лајкови кој се добива со објавите е клучен фактор кај огромен број на корисници, а и ние лично имаме видено луѓе кои ја тргаат сликата доколку истата ја нема добиено стандардната бројка на лајкови.

Корисникот којшто ја прави објавата ќе продолжи да може да ја гледа бројката, што значи останува можноста за незадоволство од истата, но сега барем ќе знае дека останатите нема да може да ја видат.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаAdobe ја претстави Photoshop Camera за мобилните која донесува напредни ефекти со еден клик
Следна статијаGalaxy S11 ќе дојде со поголеми екрани и сите верзии ќе го имаат Infinity екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.