Instagram го почна тестирањето во април оваа година, а потоа постепено го прошируваше во други земји, меѓу кои последно беше во САД. Сега овој тест се проширува на сите корисници, односно во целиот свет.

Сепак, процентот од вкупниот број на корисници кои се дел од тестот е мал, па повеќето од корисниците и нема да го забележат. Зависно од резултатите, кои од Instagram досега ги оценуваат како позитивни, ќе зависи проширувањето на бројот на корисници кои се дел од тестот, а на крај и пуштањето на промената официјално за сите корисници.

Промената ќе значи крај на „натпреварот“ помеѓу корисниците кој добил повеќе лајкови на објавите. Тие ќе бидат сокриени, а ќе може да ги види само тој што ја има направено објавата, по притискањето на делот каде се прикажуваат тие.

Останатите корисници, ќе можат да притиснат и рачно да ги избројат лајковите, меѓутоа ретко кој би сакал да го прави тоа, па обично се гледаше вкупната бројка која моментално е прикажана под секоја објава.

Идејата е да корисниците го стават акцентот на објавите и нивниот квалитет, а не бројот на добиени лајкови. Исто така, од Instagram сакаат да корисниците ставаат лајк на нешто што навистина им се допаѓа, а не врз основа на тоа дали доста други корисниците решиле да стават лајк на некоја објава.

Според нас оваа промена е добредојдена, па дури може да се каже и потребна. Друштвените мрежи отидоа во правец којшто не би можеле да кажеме дека е добар за општеството и менталитетот. Намалувањето на влијанието на популарноста на објавите на друштвените мрежи може да ги направи повторно места каде корисниците објавуваат затоа што нешто им се допаѓа, а не поради бркање на популарност.

Сепак, оваа промена нема да помине добро кај таканаречените „инфлуенсери“. Оваа група на луѓе се појави баш поради тоа што успеваат да соберат голем број на следбеници и лајкови на своите објави, па од Instagram размислуваат за можен начин да не ги погоди негативно овие корисници, но ќе видиме што ќе испадне на крајот од тестот.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаНеотел со нова промоција по повод отварањето на продажен салон
Следна статија“Digital for Entrepreneurship” – конференција за претприемништво, развој и иновации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.