Focus е новиот ефект кој што стана дел од Instagram, односно од камерата на оваа апликација.

Ефектот е наменет за сликањето на портрет слики и видеа, односно за сликањето кога одредено лице е во кадарот. Она што го прави овој ефект е заматување на позадината и ставање на фокусот на лицето, односно лицата.

Новиот ефект може да се најде до веќе достапните ефекти како “Bumerang” при активирањето на камерата во апликацијата. Штом ќе биде забележано лице во кадарот, ефектот ќе биде додаден и сликата или видеото може да бидат направени.

Focus за жал не е достапен за сите корисници, па ефектот може да го очекуваат корисниците на iPhone SE, 6S, 6S+, 7, 7+, 8, 8+ и X, како и корисниците на неколку избрани Android телефони.

Покрај Focus, Instagram воведува и нов стикер за означување на пријателите во Stories, а оваа новина е достапна за корисниците на iOS.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Instagram
Претходна статијаLG ќе го претстави G7 на 2-ри мај во Њујорк
Следна статијаЌе бидеме во можност да патуваме околу светот за половина час во рок од декада?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.