Instagram Stories е една од најпопуларните функции на друштвените мрежи, па соодветно таа редовно добива нови можности.

Emoji Slider е нов стикер за Stories којшто може да се избере од листата како и останатите. На овој стикер може да се гледа како на надоградба на стикерот за анкети, кој овозможуваше „да“ или „не“ одговори на поставеното прашање од страна на креаторот на „приказната“.

„Слајдерот“, како што кажува и самото име, ќе овозможи одговарање на поставените прашања со лизгање на emoji иконата и со тоа истакнување на нивото на согласување или несогласување со прашањето.

Како што е истакнато на сликата, корисниците ќе може да постават прашање како што е „Колку многу сакате пица?“. Корисниците ќе може да одговорат со тоа што ќе го наместат лизгачот на нивото кое сакаат.

При креирање на лизгачот, покрај поставување на прашањето, корисниците ќе имаат можност и да изберат emoji икона која ќе го претставува копчето кое ќе се лизга. На тој начин дополнително ќе може да се прилагоди според потребите за прашањето.

Од Instagram истакнуваат дека овој тип на стикери се одличен начин за добивање на одговор за одредени работи или едноставно проверка на тоа кој е активен на мрежата. Корисниците со овие стикери добиваат повеќе можности за интеракција, што во краен случај е целта на друштвените мрежи.

ИЗВОР 2Instagram
Претходна статијаСтефанија од РадиоМОФ: Нашето општество е сè уште инертно и затворено за големи промени
Следна статијаНов телевизиски пакет достапен низ Европа преку Телеком Србија и SES Video
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.