За разлика од повеќето други познати мрежи и сервиси, Instagram е друштвена мрежа која започна директно преку претставување на мобилна апликација. За оваа мрежа веб пристапот, односно пристапот преку интернет прелистувач, е во втор план, па иако е достапен, голем дел од можностите на апликацијата не се достапни.

Според извор на TechCrunch порталот, Instagram е во фаза на тестирање на можноста корисниците да испраќаат директни пораки и преку веб пристапот до друштвента мрежа.

Тестирањето моментално се прави само внатре во компанијата, што значи дека уште не е стигнато ни до фазата на тестирање кај мал број на корисници.

Ова значи дека не е познато дали оваа функција некогаш ќе стане достапна за корисниците, кои верувам дека сепак се во главно навикнати да го користат Instagram и сите поврзани сервиси, преку мобилните телефони.

Сепак, кога ќе се земе во предвид планот на Facebook да ги поврзе нивните три сервиси за пораки, односно Messenger, WhatsApp и Instagram, можеби овозможувањето на подобра достапност до Instagram Direct е нешто што е потребно да се направи.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаСè што сакате, на едно место: Новите moto g7
Следна статијаSamsung Vietnam со три видеа најавува три нови функции кај Galaxy S10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.