Популарната апликација Instagram спроведе надградба на секцијата за разменување пораки помеѓу корисниците. Од сега, во делот direct message ќе имате увид на последното време кога корисникот ја користел апликацијата. Ова поточно се однесува на корисниците кои ги следите или претходно имате разменувано пораки.

Instagram
Фото: PrintScreen

Оваа функција е одамна достапна на апликации како Messenger и Viber, под разни имиња како Last seen и сл. Опцијата е автоматски достапна и вклучена со новата софтверска надградба. Меѓутоа корисникот може да ја исклучи во менито за поставки под називот Show Activity Status. Вреди да се забележи дека доколку самите не го откривате статусот на активност, нема да имате можност да го следите ниту статусот на останатите корисници.

Instagram
Фото: PrintScreen

Увидот во времето на последна активност е ограничен на луѓе кои вие ги следите и оние со кои претходно имате четувано. Како активност апликацијата смета и доколку само сте ја вклучиле, без нужно да влезете во секцијата за DM. Времето се прикажува во изминати минути, часови или едноставно active today.

Постојат индикации дека се работи за тестирање на функцијата на само одреден дел од корисниците. Меѓутоа огромен дел од корисниците на поновите софтвери на iOS и Android ја има уште од минатата недела.

Извори: The Verge, DigitalTrends

Претходна статијаРСБСП: Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на брзината
Следна статијаGoogle Chrome 64 ја воведе можноста за целосно блокирање на страните кои автоматски пуштаат звук