Instagram Stories веќе нема потреба да се нагласува дека се еден од најпопуларните начини за споделување на друштвените мрежи, а посебно на Instagram. Поради тоа оваа функција на друштвената мрежа константно добива нови можности, па еве и оваа недела имаме една новина.

Со најновата верзија на Android, а наскоро и на iOS, објавите на Instagram ќе може да се споделат како Stories. Ова ќе може да се направи едноставно преку притискање на хартиеното авионче иконата, односно иконата преку која до сега се користеше за споделување на некоја објава како директна порака.

На прво место по притискање на иконата додадена е новата можност, односно „Create a story with this post“. Сликата е поставена на посебна позадина, а истата како и обично може да се „украси“ со стикери, текст и слично.

По објавата, на корисниците ќе им биде истакнато од каде е споделена сликата, односно со притискање на истата ќе може да се отвори оригиналната објава.

Споделување ќе може да се прави само на објави од јавни профили, односно истото нема да може да се направи од некои објави од пријателите кои имаат приватни профили. Исто така, тие коишто имаат јавни профили ќе може да ја исклучат можноста, доколку поради некоја причина не сакаат корисниците да ги споделуваат нивните објави на нивните Stories.

Оваа можност е автоматски вклучена кај сите, што значи дека тие што би сакале да ја исклучат, тоа ќе треба да го направат во Settings.

ИЗВОР 2Instagram
Претходна статијаСКОПСКО Нефилтрирано – новина од Пивара Скопје за пивските сладокусци
Следна статијаGoogle Chrome од септември ќе престане да ги означува сигурните веб страни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.