iCl1

Како дел од официјалното лансирање на новиот мобилен оперативен систем на Apple, долго очекуваниот iOS 7, веб страната на iCloud сервисот доби редизајниран кориснички интрфејс во стилот на новата платформа.

Редизајнот вклучува нова, анимирана позадина и нови икони за Mail, Contacts, Calendar, Reminders, Notes и Find My iPhone веб апликациите кои исто така добија и нов кориснички интерфејс. Како новитет е додадено и мени за брза навигација помеѓу апликациите кое се повикува со кликнување на името на апликацијата која ја користите.

iCl2

На обновената веб страна се наоѓаат и Pages, Numbers и Keynote бета апликациите кои се дел од iWork for iCloud колекцијата на мобилни апликации за продуктивност, но истите го задржаа стариот интерфејс.

Претходна статијаПретставени новите iPhone 5s и 5c
Следна статијаiOS 7 достапен од денес. Надградба преку самиот уред или преку iTunes