Shutterstock.com

Колку Facebook како платформа за огласувачите може да биде злоупотребена можевме да видиме на минатите претседателски избори во САД, иако точните детали и последици уште се докажуваат.

Можноста за злоупотреба на Facebook се виде тогаш поконкретно преку Cambridge Analytica, кои преку обична апликација за анкетирање, имаат собрано огромен број на податоци од корисниците, врз основа на кои се направени маркетинг стратегии за тоа како на тие корисниците да им се сервираат реклами за избори.

Од тој случај Facebook воведе повеќе мерки кои веќе нема да можат да им дозволат на компаниите, односно огласувачите, така да ги злоупотребат информациите кои мрежата ги има за корисниците, но сепак таа можност не е целосно отстранета.

Група на вработени во Facebook, преку писмо се обратија на „водството“ на компанијата, како што тие истакнуваат, со загриженост дека нивната мрежа се користи за манипулација на гласачите, а компанијата нема проблем да заработува на тој начин.

Иако Facebook не се тие кои ги застапуваат и одговараат за содржината на рекламите, сепак нивната платформа и сите информации кои се достапни, ги овозможува тие реклами со сите достапни алатки за како подобро да се стигне до група на корисниците според нивните интереси, локација и слично.

Вработените, а до писмото имаат дојдено од The New York Times, предлагаат неколку точки кои според нив би ја намалило злоупотребата од страна на политичките кампањи, а ќе се овозможи платформата да може да се продолжи да се користи од страна на политичарите. Тие точки се следните:

  1. За политичките реклами треба да важат истите правила како и за другите видови на реклами, кои не ретко знаат да бидат прекинати поради не почитување на одредени правила на мрежата. Вработените сметаат дека Facebook не треба да заработува од политички реклами без за нив да важат истите правила како за останатите огласувачи.
  2. Политичките реклами треба подобро визуелно да се истакнуваат, со цел корисниците да можат да направат разлика помеѓу овие реклами и објавите за кои не се плаќа.
  3. Можноста за таргетирање на корисниците треба да биде недостапна за политичките реклами. Ова е направено за неколку видови на реклами со цел спречување на дискриминација, а вработените сметаат дека ова треба да е случајот и со политичките реклами. Со тоа, овие реклами нема да можат да ги искористат алатките кои ги нуди Facebook, па рекламите ќе им биде прикажувани на сите, без можност за издвојување според одредени групи, интереси и слично.
  4. Подобро почитување на предизборниот молк во сите земји.
  5. Поставување на лимити колку може да се потроши за политичките реклами. Според нив, тие што имаат повеќе пари, можат да бидат достапни до повеќе корисници, додека тие со помали буџети не можат да го направат истото. Кога се работи за бизнис, оваа логика е едноставна, но вработените во Facebook сметаат дека тоа не треба да важи и за политичките реклами.
  6. Промена на правилата за политичките реклами, за кои не важат истите како за останатите реклами. Политичките реклами во основа можат да содржат се што би сакале нивните објавувачи, без никакви проверка од страна на Facebook, како што тоа го прави за останатите реклами.

Во основа, јасно е дека Facebook сака да заработи од изборите кои се одржуваат во земјите, па на политичарите им овозможува рекламирање без скоро никакви правила на игра. Со тоа, како што истакнуваат и вработените кои го пратија писмото, мрежата заработува знаејќи дека нивната платформа се користи за манипулација, односно е злоупотребена.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаПријави се за учество во добротворниот хакатон „KindHack“
Следна статијаGoogle ќе престане да ја индексира Flash содржината за прикажување во резултатите од пребарувањата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.