time machine 1

На сите ви е познатата Street View функцијата достапна преку Google Maps сервисот, која што ви овозможува прегледување на околината на одредена локација на ниво на улиците. Сликите се вистински и се направени од страна на Google, преку познатото комбе на кое што се поставени камери. Сепак оваа функција не е достапна за сите места во светот, но достапноста постепено се шири.

Сликите од Street View кои што можете да ги видите обично се ажурирани и соодветствуваат со актуелната состојба на локациите. Меѓутоа Google ги чува сите верзии од тие слики од 2007 година, па реши да им овозможи на корисниците да ги прегледуваат, а со тоа да ги видат промените на локациите во времето. Со други зборови, како што кажуваат од Google, со оваа можност ќе можете да се вратите во времето и да видите каква била некоја локација порано и како е менувана до денес.

Сега со Street View можете да го видите развојот на одредени обележја од самиот почеток, како на Freedom Tower во New York или стадионот за светското првенство во Бразил. Оваа нова функција исто така може да служи и како дигитална листа времеплов на блиската историја, како на пример реконструкцијата од разурнувачкиот земјотрес и цунами од 2011 во Онагава, Јапонија. Можете дури да искусите различни годишни времиња и да видите како би било да возите по италијанските патишта во лето и во зима.

JapanEarthquake

freedom tower

Извор: Google

Претходна статијаПробајте ги бета верзиите од OS X оперативниот систем
Следна статијаНадграден Viber за iOS 7, редизајниран во согласност со оперативниот систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.