Google

При крајот на минатата година од Google најавија, со мало изненадување на повеќето, дека Google+ мрежата ќе престане со работа оваа година. Причината за тоа, покрај јасниот неуспех да конкурираат на Facebook и Twitter, беше и откритието дека била загрозена приватноста на повеќе од 500.000 корисници преку пропуст пронајден од страна на хакери.

Целиот процес беше забрзан оваа година, поради откривање на дополнителни безбедносни пропусти, па мрежата престана со работа минатиот месец, околу 4 месеци порано од планираното.

Со најавата дека Google+ престанува со работа, беше објавено исто така дека мрежата нема целосно да згасне, па истата ќе продолжи, во изменета форма, да функционира за бизнис корисниците, односно за претплатниците на G Suite пакетот.

G Suite е платена верзија од Gmail која е наменета за бизнис корисниците и која овозможува користење на сопствен домејн, како и многу други додатни можности и сервиси.

Google+, сега преименувана во Google Currents, станува дел од G Suite, за почеток во бета верзија за која корисниците ќе треба да се пријават.

Во основа, Google Currents сега ќе им конкурира повторно на Facebook, меѓутоа на Facebook Workplace, верзијата од оваа мрежа наменета за компаниите.

Друштвените мрежи прилагодени за компаниите овозможуваат комуникација на вработените во една компанија, а со тоа подобра работа на проекти, а од Google истакнуваат:

„Започнува прво во бета, Currents е G Suite апликација која им овозможува на луѓето да имаат значајни дискусии и интеракција во нивната организација, помагајќи сите да останат информирани и овозможувајќи им на лидерите можност да се поврзат со своите вработени.“

Дали корисниците на G Suite ќе се решат да ја користат оваа мрежа, останува да се види. Сепак, кога ќе се земе во предвид дека за истата нема да треба да платат повеќе, а ќе биде дел од пакет за кој веќе плаќаат, може Google+ (Currents) сега ќе има подобра шанса за успех.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Ars Technica
Претходна статија„Safely Remove Hardware“ веќе не мора да се користи во Windows 10
Следна статијаNetflix тестира можност за гледање на епизоди по случаен избор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.