play-store-logo

Разбирливо, една од најважните работи во продавниците за апликации, кои се преполни, е системот кој одредува која апликација на кое место ќе биде прикажана, а со тоа и откриена од корисниците.

Од овој систем зависи дали корисниците ќе гледаат квалитетни и корисни апликации или едноставно продавницата ќе ја користат само за инсталирање, а откривањето ќе го прават од други извори.

Како и се друго, овој систем во Play Store може да биде до некаде „изигран“ од страна на програмерите, а со тоа нивните апликации да бидат прикажани погоре во листата од реално заслуженото.

Некои од начините кои се користат за ова, а ги истакнуваат и од Google, се лажни инсталации, лажни оценки и рејтинзи добиени со ветување на некаква добивка или награда.

На овој начин, апликацијата не ги добива реалните параметри, односно број на инсталации, оценки и популарност, па соодветно се прикажува нереално во листите на продавницата.

Корисниците на овој начин доаѓаат до многу ситуации да се незадоволни од апликацијата која ја инсталирале и да забележат дека рејтингот и оценките не делуваат реално.

Токму ваквите ситуации се дел од надградувањето на системот за филтрација во Play Store. Од Google истакнуваат дека подобро ќе ги откриваат ваквите ситуации и апликациите соодветно ќе бидат филтрирани, односно ставени на местото кое што е пореално за нив.

Доколку одредени програмери продолжат со практиката на „измама“ на системите на Play Store, нивната апликација ќе биде тргната од продавницата.

Извор: Android Developers Blog

1 КОМЕНТАР

Оставете коментар