Contacts preview 1.5

Може слободно да се каже, конечно, Google реши да направи редизајн на Contacts, важна веб апликација за корисниците кои што ги чуваат сите свои контакти во облакот на Google. Ова сигурно е случајот со голем број на корисници, посебно кога ќе се земе во предвид целосната доминација на Android во светот.

Google Contacts е одличен начин да не едно место ги чувате сите ваши контакти од мобилниот телефон и со тоа да бидете сигурни дека нема да ги изгубите, а најважно, многу лесно ќе ги префрлите на било кој уред и да го купите. Тука се и останатите контакти со кои што комуницирате преку Gmail, па затоа страната која што е наменета да ги организирате овие контакти, е важно да биде што по user friendly.

Новата верзија од Google Contacts е целосно редизајнирана и е направена според новите правила на Material дизајнот кој што се користи низ сервисите од компанијата почнувајќи од најновата верзија на Android. Новиот дизајн ги вклучува познатите карти кои што почнаа да се користат во Google Now, нешто што овозможува лесна навигација низ различните делови.

Покрај промената на дизајнот, Google Contacts вклучува и неколку нови и подобрени функции. Овие функции се направени со цел целосно да се подобри функционалноста на оваа страна и со тоа да се подобри можноста за организација на контактите, како и комуникацијата со нив.

Три новини се истакнати од страна на Google како главни функции на новата Google Contacts страна. Првата е можноста за пребарување на контактите за пронаоѓање на дупли контакти. До дуплирање на контактите доаѓа поради тоа што тие се внесени од повеќе страни, како што е телефонот, Google+, Gmail и слично. Пронајдените дупли контакти потоа можат да биде споени во еден, па сите информации од таа личност ќе може да се гледаат како еден контакт во една картичка.

Contacts preview 2.5

Google Contacts исто така овозможува преглед на историјата на комуникацијата со контактите кога ќе отворите некој од нив. Тоа овозможува да ја видите вашата последна комуникација без разлика кога истата се има случено.

Контактите во новата верзија од Google Contacts ќе бидат ажурирани доколку дојде до промени во нивните информации. Па така, доколку некој од контактите го промени своето работно место и истото го промени на својот профил, информацијата ќе биде променета за да можете да ја видите.

Contacts preivew 4.5

Новата верзија од Google Contacts ќе биде пуштена во неделите што следат, а сите кои што сакаат да ја пробаат сега тоа може да го направат преку следниот линк contacts.google.com/preview.

Извор: Google

Претходна статијаHuawei можен производител на следниот Nexus телефон
Следна статијаВидео: Како да повикам такси со новата Claxi апликација?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.