Shutterstock.com

Како што е познато, но и критикувано, одамна, Facebook користи алгоритам за да одлучи што ќе ви биде прикажано на вашата листа со новости. Затоа, нема две листи со новости кои изгледаат исто, па дури и двајца корисници да ги следат истите страни и да ги имаат истите пријатели.

Алгоритамот колку и да е критикуван, мора да постои. Без него корисниците ќе пропуштаат многу работи поради тоа што бројот на новости во денешно време е огромен. Алгоритамот ги прикажува тие кои смета дека се важни за корисникот, со што се намалуваат шансите тој да пропушти нешто што ќе му значи.

Со цел корисниците да бидат подобро информирани за причините зошто им се прикажуваат објавите на нивните листа со новости, Facebook ја воведува можноста наречена „Зошто ја гледам оваа објава?“, односно „Why am I seeing this post?“.

Новата можност ќе биде достапна преку стандардното мени, во горниот десен агол до секоја објава на листата со новости. Оваа нова можност ќе ги прикажува следните информации:

  • Зошто ја гледате одредена објава на вашата листа со новости, на пример, затоа што објавата е од пријател, од група во која сте член или страна која ја следите.
  • Кои информации во главно го имаат најголемото влијание врз редоследот на објавите, вклучувајчи ги (а) колку често имате интеракција со објави од луѓе, страни или групи, (б) колку често имате интеракција со конкретен вид на објава, на пример, видео, слика или линк и (в) популарноста на објавата споделена од страна на луѓе, страни и групи кои ги следите.

Заедно со овие информации, Facebook веднаш ќе ја дава можноста корисниците да ги променат параметрите на објавите кои ги гледаат, односно ќе можат да ги гледаат прво тие објави секогаш, да престанат да ги следат тие што ја имаат објавено таа објава и други додатни прилагодувања.

Промени има во сличната можност достапна од поодамна, „Зошто ја гледам оваа реклама“. Оваа можност ќе добие функција која веќе беше најавена, а таа вклучува подобра информација за тоа зошто е прикажана таа реклама, односно како огласувачот има дојдено до вашите информации.

Како корисници сега ќе можете да знаете дали вашата имејл порака или вашиот телефонски број биле прикачени на Facebook од страна на огласувач или негов партнер, па потоа поврзани со вашиот профил.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаWindows 7 почнува да губи корисници во последната година од неговото постоење
Следна статија„Мои Доктори“ е веб апликација која ќе ве информира кога има слободни термини на „Мој Термин“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.