Регулативата за севкупна заштита на податоци во рамките на ЕУ правниот систем ќе стапи на сила на 25-ти мај годинава. Со новата законска регулатива се предвидува ограничување на начинот на кој технолошките компании прибираат, чуваат и користат лични податоци. Воедно Facebook за прв пат ќе го обелодени начинот на кој до сега се третирани личните информации на неговите корисници.

Со измените кои се подготвуваат во најпопуларната друштвена мрежа се подготвува терен за да се пречекаат новите законски регулативи. Политиката на Facebook кон личните податоци ќе биде основа за понатамошно унапредување на истите.

Што се однесува до законот на ЕУ, тој ќе биде спроведен во сите 28 земји членки. Една од ставките на законскиот текст е и обврската да се пријават „протекување“ на податоци во рок од 72 часа. Корисниците ќе можат да ги повлечат или избришат своите податоци од која и да е компанија каде ги имаат оставено. Компаниите кои ќе го прекршат овој закон ќе бидат обврзани да платат глоба во висина од 4% од нивниот годишен приход или 20 милиони евра.

Новата алатка која Facebook ќе ја претстави за оваа цел е унапредување на она што до сега се нарекуваше Privacy CheckUp. Со новата алатка ќе бидат опфатени низа клучни сегменти од областа на заштитата на податоци. Кампањата за едукација на корисниците како самите да ги заштитат своите податоци е веќе во тек. Преку видеа администрацијата на Facebook им објаснува на корисниците што се случува кога ќе избришат некого од листата на пријатели, кога ќе избришат некоја објава и сл. Кампањата ги опфаќа сите 2 милијарди корисници и ќе трае во период од 1 година.

Извори: The Verge, The Guardian

Претходна статијаFacebook ја создаде Flick – нова мерна единица за време
Следна статијаВо Скопје и Битола одржан Global Game Jam