Обвинувањата за влијанието на лажните вести, реклами и ред други „специјално наменети“ објави на оваа најголема друштвена мрежа за време на изборната кампања за претседателските избори во САД во 2016, од компанијата ќе се погрижат да не се повторат.

Во основа, верувањата се дека оваа друштвена мрежа со најголем број на корисници, била искористена за објава на голем број на објави, линкови и слично, од страна на профили кои имале за цел да влијаат на резултатите на изборите. Проблемот кој го има Facebook е дека тие немаат ни приближно доволно преземено за да спречат такви појави на нивната мрежа, појави кои секако не се проблем само за време на изборите.

Познати се обвинувањата дека кориснички сметки креирани од страна на руско финансирани групи, имаат влијаено во правец на победата на Доналд Трамп. Иако не може да кажеме дека ова е докажано или побиено, факт е дека Facebook е место од каде може да се влијае на јавното мислење.

Од Facebook за следните избори во САД кои треба да се одржат наскоро, ќе бидат многу повеќе спремни со цел да не може пак да се најде вина кај нив поради влијаење на нивните корисници. Изборите кои следат во САД не се претседателски, меѓутоа исто така се доста важни, а доаѓаат и други избори во други земји на кои ќе се внимава.

Jason Henry за The New York Times

„War Room“, односно „Воена Соба“ е името на новата просторија која во седиштето на компанијата се опремува специјално за справување со лажните вести, лажните кориснички сметки и слично.

Иако во целата работа ќе бидат вклучени околу 300 вработени во компанијата, во оваа просторија ќе бидат сместени 20 од нив. Тие ќе имаат единствена задача, а тоа е да ги следат случувањата кои не се успешно пресретнати од алгоритамот на Facebook.

Пример за начинот на којшто ќе функционира оваа воена соба, е следење на зголемување на бројот на сметки за време на избори, што е прилично сигурен показател за креирање на лажни и наменски кориснички сметки.

Оваа соба треба да профункционира наскоро, односно би требало веќе од идната недела. Какви резултати ќе даде, а и колку реални сметки и објави потенцијално ќе бидат ставени во групата на лажни, останува да видиме.

ИЗВОРThe New York Times
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаInstagram ќе ги издвои „хаштаговите“ од насловот на сликите?
Следна статијаTesla може сепак да има проблеми поради изјавите на Елон Маск за нејзино приватизирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.