facebook-experiment

Facebook во денешно време стана нешто без кое што веќе никој не може да си го замисли денот. За ова тврдење нема потреба повеќе да се пишува, сите ние сме си пример сами на себе. Од тоа сигурно би заклучиле дека оваа социјална мрежа е нешто што има позитивно влијание во нашиот живот, па затоа претставува толку голем фактор во нашите животи.

Меѓутоа како луѓе не сме баш познати дека секогаш го правиме тоа што е најдобро за нас, а една студија го објаснува тоа конкретно за Facebook.

Според најновата студија направена од Институтот за истражување на среќата (Happiness Research Institute), со баталување на користењето на Facebook можете да си ја подобрите концентрацијата, но и нивото на среќа во животот.

Ова не е нешто што научниците мораа да ни го кажат за да го знаеме, но добро е кога постојат научни истражувања за да не се појавуваат разно-разни „тоа е само твое мислење“ типови. Истражувањето било направено врз 1.095 луѓе од Данска кои биле поделени на две групи. Првата продолжила да го користи Facebook, втората престанала.

Експериментот траел само една недела, а резултатите се следните:

  • корисниците кои пријавиле дека се чувствуваат среќни биле 81% на број; тие кои не го користеле биле 88%;
  • од првата група 75% пријавиле дека си го ценат животот; а од втората дури 84%;
  • 20% од првата група пријавиле дека се незадоволни со животот; а само 12% од втората;
  • корисниците на Facebook имаат 39% поголема веројатност дека ќе се чувствуваат помалку среќно од тие кои што не ја користеле мрежата.

Земајќи предвид дека авторот на текстот го применил овој експеримент во последната година и остана нормален, среќен и ита кон остварување на своите амбиции, би рекол дека истражувањето е во право. Facebook е одлично средство – ако сакате да се чувствувате мизерни.

За среќа, имате избор да не го користите. Или сепак не?

Извор: MSN, HRI

Претходна статијаFujitsu Stylistic R726 е Windows 10 таблет/лаптоп кој сериозно му конкурира на Surface Pro 4
Следна статијаРоботи удираат луѓе како тест да станат побезбедни во иднина