Бројот на лајкови и реакции на објавите е нешто што го промени светот, слободно може да се каже ова, без да се претера. Цела група на луѓе најдоа начин како да се сметаат себеси важни и големи, а се што објавуваат на друштвените мрежи стана мотивирано од тоа колку лајкови се очекуваат.

Нешто што порано го правеа само познатите личности, во денешно време може да се види од било кои други луѓе, а сето тоа е од привидот на популарност којшто стана возможен преку друштвените мрежи.

Покрај ова, истражувања покажуваат дека луѓето не се чувствуваат секогаш добро кога ги користат друштвените мрежи. Добивањето на мал број на лајкови на некоја објава знае да биде разочарувачки, а посебно доколку тоа често се случува. Од друга страна, гледањето како некој друг има голем број на лајкови знае да предизвика љубомора и слично.

Од Facebook веќе одамна „се грижат“ за доброто искуство на своите корисници, односно позитивните чувства додека се на мрежата, а секако тоа е поради желбата да милијардите корисници, останат да ја користат оваа мрежа и понатаму.

Од компанијата започнаа со тестирање на криење на лајковите на нивната Instagram мрежа, а имаше најави дека истото ќе се направи и на Facebook.

Почнувајќи од утре, корисниците на Австралија веќе нема да го гледаат бројот на лајкови, реакции и бројот на прегледи кај видеата, како земја која е избрана да се тестира оваа промена.

Наместо бројката на лајкови, кај објавите ќе остане стандардно некој корисник којшто има ставен лајк, но потоа, наместо бројот на останатите, ќе стои само „и други“, односно „others“.

Вкупната бројка на лајкови ќе продолжи да му е достапна на корисникот којшто ја има направено објавата, а останатите ќе мора да кликнат и да ги видат тие што имаат лајкнато, па ако сакаат и можат „рачно“ да ги избројат.

Од Facebook истакнуваат дека доколку тестот се покаже како успешен, односно корисничкото искуство на корисниците во Австралија се покаже како подобрено, тестот може да биде проширен и во други земји, а може да биде пуштена промената и за сите корисници.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаВидео од Android верзија која работи на Nokia телефон без екран на допир го покажува откажаниот систем од Google
Следна статијаКако технологијата го промени светот во последните 50 години?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.