Facebook официјално најави дека има започнато со тестирање на можноста администраторите на Facebook Groups да наплаќаат, кратко кажано, за својата работа. Тоа ќе може да го направат со нудење на посебна еден вид подгрупа од главната, во која сите заинтересирани ќе може да се зачленат преку плаќање на месечна претплата.

Месечната претплата ќе може да изнесува од 4,99 до 29,99 долари, барем во тест фазата и сумата целосно ќе им биде оставена на администраторите на групите, меѓутоа би требало да се очекува дека Facebook ќе сака некако да заработи од ова во иднина.

За да може да се креира група со претплата, администраторот ќе треба веќе да има посебна група на одредена тема, со одредена бројка на членови, по што на нив ќе може да им понуди членство во посебната група.

Фактот што членството во посебната група ќе се наплаќа, значи и дека членовите на овие групи ќе добиваат нешто повеќе од членовите на обичните групи. Содржината во овие групи со претплата ќе бидат повеќе ексклузивни, а и на своите членови ќе им се нудат дополнителни предности, како и можност за комуникација.

За почеток тестирањето е направено со ограничен број на сопственици на групи кои веќе имаат креирано посебни групи со месечна претплата.

Од Facebook истакнуваат дека ова е нешто кое го прават како поддршка на администраторите, кои веќе имаат побарано како би можеле да дојдат до одредени финансиски средства за унапредување на нивните групи.

Од компанијата ќе го следат интересот на корисниците и желбата за зачленување, па врз основа на тоа ќе се одлучи дали оваа можност ќе стане масовно достапна.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаInstagram ја достигна бројката од 1 милијарда активни корисници во месецот
Следна статијаИднината на Tesla зависи од наредните неколку недели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.