Facebook е во фаза на тестирање на нова функција за корисниците која ќе им овозможи да направат листа на зборови, фрази, па и emoji икони, кои не би сакале да им бидат прикажувани на нивниот „ѕид“, односно листа со новости.

Тестот е откриен од страна на Џејн Манчун Вонг, студентка на компјутерски науки која веќе е позната по откривањето на вакви и слични работи. Таа тоа го прави преку таканареченото обратно-инженерство на кодот на Facebook, со што може да се откријат одредени работи кои се’ уште не се официјално пуштени за јавноста.

Она што сепак е малку чудно е тоа што Вонг открива дека по блокирањето на зборовите и фразите, корисникот којшто го направил истото, нема да ги гледа објавите на неговиот ѕид и во коментарите, но сепак тој што ја прави објавата или коментарот, како и неговите пријатели и понатаму ќе можат да ги видат.

Во основа оваа можност ќе им овозможи на корисниците да се „заштитат“ себеси од одредени објави кои не сакаат да ги гледаат, меѓутоа со тоа и нема да знаат дали и што се објавува на нивниот профил.

Сепак, функцијата е во тест фаза и Facebook нема дадено никаква официјална информација во врска со истата. До нејзиното пуштање за сите корисници, доколку тоа се случи, функцијата може да биде променета и надополнета.

ИЗВОР9to5Mac
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЕфтимовски: Огласувачите да ги зголемат буџетите за дигиталните издавачи во Македонија
Следна статијаРСБСП: Има ли крај на сообраќајниот метеж во градот? Како можеме сами да си помогнеме?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.