Facebook не е ниту првата, ниту последна компанија која прибира информации со цел полесно да таргетира одредена група корисници. Дека тие особено масовно се служат со оваа алатка е општо познат факт и генерално корисниците немаат премногу против. Меѓутоа, судот во Белгија не мисли така.

Имено, тие имаат пресудено дека компанијата ги злоупотребува овие механизми, на начин што ѝ штети на приватноста на луѓето. Тука конкретно се мисли на следењето со помош на т.н. cookies и social plug-in алатките. Facebook би се соочил со казна во висина од 100 милиони евра доколку не успее да докаже дека престанал да ги следи Белгијците и ги има уништено претходно прибраните чувствителни податоци.

Процесот е започнат уште во 2015-тата, како граѓанска парница. Оштетената страна побарала судот да го прегледа начинот на кој компанијата менаџира со прибраните информации и самиот начин на прибирање. Процесот привлече голем јавен интерес. Дамка врз сопствената невиност направија токму од Facebook, кога се обидоа да ја негираат јуриздикцијата на белгискиот суд, како ненадлежен. Како што е познато се работи за глобален бизнис, чие седиште за делот на Европа се наоѓа во Република Ирска.

Добро е по некогаш да се чуе дека и големите корпорации знаат да се најдат осудени и казнети за злоупотребата на својата позиција и моќ. Од друга страна ваквата казна се однесува само на делата сторени врз граѓаните на Белгија и нема да има особен импакт врз остатокот од светот. Иако податоците кои на овој начин и за оваа цел се прибираат немаат никаква лоша намера, сепак мора да постои извесна контрола врз тоа колку од нашата приватност некој смее да искористи против нас самите.

ИЗВОРTech Crunch
ИЗВОР 2The Guardian
Претходна статијаУпотреба на мобилен телефон при возење – закана за безбедно одвивање на сообраќајот
Следна статијаSkype со огромен безбедносен пропуст, Microsoft не се брза да го поправи