Facebook

Фејсбук ни е познат по неговите експерименти со корисниците. Како и да е, основачот Марк Закерберг најави дека планира да работи на платформата. Главната цел е да се осигура дека времето поминато на неа е квалитетно потрошено. Сепак, она што е најново е дека Фејсбук споделува дел од вашите финансиски тајни со водечките светски истражувачи. Се чини дека од секој аспект се трудат да ја направат платформата подобра. На што точно мислам?

Професорот по економија од Стенфорд, Рај Чети, соработува со Фејсбук со цел да направат заедничка студија за нееднаквоста помеѓу американските граѓани. Директното учество на социјалната мрежа не подразбира само дека истражувачкиот тим собира податоци што се достапни онлајн за секого. Тука се вбројуваат и јавните постови, слики и информации. Покрај нив, Фејсбук допринсува податоци од нивните датабази, како демографски информации и социјални интеракции кои секако, не се јавно достапни.

“Ние ги користиме социјалните мрежи и ги мериме интеракците за да ја разбереме улогата на општествениот капитал многу подобро отколку што можевме досега”, изјави Чети.

Фејсбук го потврди своето партнерство со професорот, но одби да елаборира за суштината и деталите на студијата. Инаку, професорот Рај Чети е омилен лик во круговите на технолошката елита. Тој е препознатлив по неговиот фокус за решавање на социјалните и економските проблеми на нацијата. Во едно интервју, тој рече дека заедно со неговите соработници, истражувачи од Стенфорд и Њујоршкиот универзитет, работат на студијата за нееднаквост за најмалку шест месеци.

Мое мислење е дека работите за Фејсбук за одвиваат во позитивна насока. Сите што ја следиме работата на Закерберг, знаеме дека тој е навистина заинтересиран за темата на економската мобилност. За време на неговата посета во Вилтон, Ајова минатата година, како дел од неговата национална турнеја, Цукерберг зборуваше за “вистинската дивергенција помеѓу можностите достапни во малите и големите градови”. На некој начин, ја најави неговата работа со професорот Чети. За оние поупатените, ова беше основен фокус и на Иницијативата Чан Цукерберг, филантропска група основана од извршниот директор на Фејсбук и неговата сопруга Присила Чан.

Да се надеваме дека ќе продолжат во овој правец. Секое истражување во корист на граѓаните, па каде и да живеат, е за поздрав.

Што мислите вие?

Пишете ни во коментар.

 

Претходна статијаПоранешен вработен во Tesla обвинува за намерно продавање на дефектни возила
Следна статијаQualcomm претстави WiFi чип за новата генерација на безжични мрежи