За разлика од Stories на друштвената мрежа во сопственост на Facebook, Instagram, приказните на Facebook многу тешко почнаа да добиваат на популарност. Можеби ви текнува дека Facebook дури мораше во делот за Stories на Facebook апликацијата да стави избледени слики од вашите пријатели, за да не остане празен просторот поради немање воопшто или многу малку Stories.

Како и да е, можеби од компанијата требаше малу да се помачат, како на пример со воведување на можност за споделување на истите Stories помеѓу Facebook, Messenger и Instagram, воведување на Stories на десктоп и слично, па да успеат да ги направат доволно популарни.

Според информациите, Facebook Stories сега имаат околу 150 милиони дневни активни корисници, што не е многу како на Instagram или дури и WhatsApp, меѓутоа доволно за да се каже дека корисниците веќе ја користат оваа можност на друштвената мрежа.

Поради тоа, од компанијата веќе најавија дека ќе мора да воведат реклами и на Stories, инаку нивниот бизнис модел може да почне да трпи.

Од Facebook веќе почнуваат со тестирање на реклами прикажани на Stories во САД, Мексико и Бразил. Како и секогаш, вакви работи прво се тестираат, да се види најдобриот начин којшто ќе го прифатат корисниците, па потоа може да се очекува пуштање во целиот свет.

Рекламите на Stories се замислени да бидат специјално направени за овој вид на објава, односно нема да бидат класични линкови со слика до одредена страна, како што е случајот со рекламите на листата со новости.

На Stories рекламите ќе бидат во форма на кратки видеа од 5-15 секунди, а корисниците ќе имаат можност да ги прекинат.

Исто така, Facebook ќе им овозможи на корисниците да ги прилагодат веќе спремните реклами од Instagram Stories, како и тие автоматски да ги прилагодат рекламите од листата со новости.

Прикажувањето на реклами на Facebook Stories е нешто што сигурно ќе почне да се случува. Друштвените мрежи живеат од продажбата на рекламен простор, па се што е популарно, се разбира дека ќе биде искористено за заработка.

Кога ќе се земе во предвид очекувањето дека со тек на време Stories ќе стане главниот начин на којшто луѓето објавуваат на друштвените мрежи, сигурно дека Facebook ќе мора да го искористи тоа на време.

ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаGoogle Chrome од септември ќе престане да ги означува сигурните веб страни
Следна статијаДоделени наградите од второто редовно и првото мастер коло од наградната игра „Верна повторно наградува“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.