pay-button

Facebook не сака да заостанува зад својата конкуренција во ниеден сегмент кој може да биде инкорпориран во социјалната мрежа, па таков е случајот и со мобилното плаќање. Наводно преку апликацијата за комуницирање Messenger, луѓето ќе можат меѓусебе да си праќаат пари.

Според сите протечени фотографии оваа опција Facebook веќе ја има имплементирано во својот систем, а единстевно ќе треба да се чека датум на објава. Начинот на испраќање делува премногу лесно, односно корисниците ќе можат да пратат пари исто како што сега праќаат фотографии.

fbpay
Корисниците ќе можат да додадат дебитна картичка или уште поедноставно да ја користат картичката што веќе ја имаат вметнато за да извршат наплати за други работи на Facebook. Интересно е што David Marcus, новиот водач на проектот Messenger, има доста големо искуство со онлајн трансакции и доаѓа од PayPal каде што беше и негов претседател.

Со овој чекор од компанијата сакаат парче од колачот во кој веќе имаат удел покрај Paypal и компании како Venmo, Square Cash и уште неколку сервиси за трансфер на пари. За прв пат кодот за наплата/исплата во Messenger е откриен пред еден месец од страна на Jonathan Zdziarski, за потоа и Andrew Aude да презентира свој видео запис од оваа нова опција.

10333105_1381867922088346_766341384_n

 

Во видеото на Aude, исплаќањата можат да се извршат единствено преку дебитна картичка, а ова најверојатно е поради фактот што трансферот на пари е поевтин за процесирање. Според него секоја трансакција би го чинела Facebook околу 0.40 до 0.50 долари, а доколку ја пуштат најпрво како бесплатна опција Aude очекува компанијата да наплаќа 1 долар за секоја трансакција, но сепак тоа останува да видиме дали ќе биде така.

Она што ултимативно ќе биде од корист за Facebook е секако навиката на луѓето да трошат пари на социјалната мрежа, а нивното ново копче во најава Buy ќе ги одврати корисниците од веб-страниците на онлајн продавниците и ќе им овозможи на луѓето да купуваат директно од Facebook.

Loading

Facebook Messenger Payments feature demoed by @andyplace2 for TechCrunch

View on Instagram

Извор: The Verge

Претходна статијаMicrosoft го следи секој ваш чекор во Windows 10 Technical Preview
Следна статијаПравото да се биде заборавен ја игнорира структурата на интернетот