Оваа година е доволно лоша за Facebook, што многумина го поставуваат прашањето уште колку време и останува на оваа друштвена мрежа. Скандалите кои се појавија во јавноста во основа само потврдија одредени работи за кои со години можевме да прочитаме, а тие се сведуваат на тоа дека Facebook знае премногу за нас, нема граница како ќе го искористи сето тоа, како и тоа дека нема граница што ќе направи за да дојде до уште информации.

Главата причина за сето ова е јасна. Бизнис моделот на мрежата се базира на реклами кои се прикажуваат на повеќе од 2 милијарди корисници во целиот свет. Со цел тие реклами подобро да дојдат до саканата публика и огласувачите да бидат задоволни, мрежата овозможува повеќе начини за таргетирање на корисниците.

Според најновите информации, Facebook наводно не ги користи само информациите коишто корисниците самите ги имаат дадено на мрежата. Кога ќе се земе во предвид фактот дека на мрежата оставаме скоро се, ќе се прашате што е тоа што останува.

Објаснувањето е во тоа што не сите корисници оставаат баш се на мрежата, а од компанијата се тука да ги поврзат, како што се вика, „точките“. Доколку одредени корисниците не го оставиле својот телефонски број, на пример, тоа не значи дека Facebook нема начин како истото да го направи.

Доколку јас ги прикачам сите мои контакти од телефонот на Facebook, од компанијата можат да ги поврзат тие броеви со корисниците на мрежата, па доколку некој од моите контакти го нема ставено својот број на Facebook, поради мене тоа и не мора да го направи за да Facebook го знае.

Тестот е направен, односно до сознанието е дојдено од страна на порталот Gizmodo и професори од Northeastern University. Тие тоа го имаат тестирано преку таргетирање на фиксниот број којшто го има професорот, а го нема ставено на Facebook, но рекламата сепак му се има прикажано. Со други зборови, Facebook го има поврзано тој број со професорот од друга страна, иако тој никогаш го нема објавено тој број конкретно на мрежата.

Може да заклучиме дека, дури и да немате Facebook, од мрежата веќе имаат одредена бројка на информации поврзани со вас, па доколку некогаш направите профил, веќе има што да се поврзе.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2Inquisitr
Претходна статијаLG го најави претставувањето на V40 – смартфонот кој ќе дојде со 5 камери вкупно
Следна статијаЌе почнеме да гледаме смартфони со 10 GB RAM меморија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.