safetycheckmobielcarousel

Facebook денеска претстави нова функција за ситуациите кога се наоѓате на локација погодена од некаква природна непогода како земјотрес, ураган, цунами и слично. Првата работа која што сакате да ја направите кога се наоѓате на ваква локација е да ги известите вашите блиски дека сте во ред и на сигурно, а се разбира доколку сте од другата страна, би сакале што побрзо да дознаете дали вашите блиски се во ред.

Идејата и развојот на оваа функција доаѓа од јапонските програмери од Facebook кои што имаат следено колку социјалните мрежи имаат играно важна улога за време на цунамито во 2011 година. Во меѓувреме се направени неколку начини кои што можат да се користат во такви ситуации, по што доаѓаат до Safety Check.

SafetyCheck2

Safety Check функцијата ќе биде достапна за корисниците на iOS, Android, постарите телефони, како и на десктоп. Кога ја имате вклучено оваа функција, кога се наоѓате на локација која што е погодена од некаква непогода, добивате нотификација преку која што можете да одговорите дека сте во ред или доколку не се наоѓате на локацијата да кажете дека не сте таму. Вашата локација се одредува на три начини. Според градот кој што го имате наведено како ваш моментален град, според чекирањата на Facebook и врз основа на локацијата од каде што моментално сте најавени. Вашиот статус по ваква ситуација е достапен само за вашите пријатели кои што добиваат нотификација дека сте во ред доколку и тие ја имаат вклучено функцијата.

SafetyCheck1

Кога ќе видите дека некој од вашите пријатели е во ред, добивате и листа на другите пријатели кои што се во регион погоден од некаква непогода, а исто така можете и вие да означите некого дека е во ред.

Со оглед на тоа дека во вакви ситуации обично телефонските мрежи се оптоварени и многу тешко можете да направите повик, ваквиот начин на информирање може да се покаже како доста ефикасен и брз.

Извор: Facebook, Engadget

Претходна статијаGoogle официјално ги претстави Android 5.0 Lollipop, Nexus 6, 9 и Player
Следна статијаGeofeedia ги собира сите јавни објави од социјалните мрежи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.