Facebook Реакциите, познати на сите корисници на оваа социјална мрежа, беа воведени пред нешто повеќе од една година, како надополнување на Лајк копчето. Со тоа се доби можноста поконкретно да се искаже ставот, односно реакцијата на одредена објава, без потреба од пишување на истата.

Сега корисниците покрај лајкување, можат да искажат љубов, смеа (хаха), воодушевување (wow), тага и лутина.

Од оваа недела, можноста за „реагирање“ е достапна и за коментарите на објавите, наместо само за објавите. Со тоа корисниците ќе можат да ја искажат својата реакција без зборови на секоја интеракција на социјалната мрежа.

Како и во случајот со реагирањето на објавите, исто и на коментарите, тоа се прави со поминување со маусот на десктоп или задржување со прстот на мобилен на лајк копчето.

Реакциите од пред месец дена се достапни и на пораките во Messenger, па како што истакнуваат на некои од порталите кои ја пренесоа оваа вест, корисниците веќе ќе немаат потреба од пишување, ќе може да комуницираат преку реакции.

Извор: The Verge, TNW

Претходна статијаYouTube доби нов изглед и темна тема – како веднаш да го вклучите?
Следна статијаНова бионичка рака може да види што има пред неа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.