Сопственикот и основач на Facebook, Марк Зукерберг реши да се обрати кон корисниците во цел на подобрување на функционалноста на својата мрежа. Најпопуларната социјална платформа беше критикувана поради споделувањето содржини со сомнително потекло и веродостојност.

За да го промени ова, компанијата понесе одговорност и реши да направи одредени измени. Со нив во иднина би се минимизирале шансите лажни вести да бидат лиферувани во јавноста. Првиот човек на компанијата се обрати токму преку статус на истата. Во него тој вели дека Facebook бара помош од своите корисници за да ги рангира изворите на информации. Во наредниот период во рамки на истражувањата за квалитетот на информациите, платформата ќе ги прашува корисниците дали изворите им се познати и дали им веруваат.

Ваквиот пристап во основа носи позитивна идеја. Меѓутоа, шансите истиот да биде злоупотребен се значително поголеми. Тука паѓа во вода премисата за слободата на говорот која Facebook најгласно ја застапува. Вреди да се спомене дека руските медиумски куќи како Russia Today и Sputnik се соочуваат со неверојатни опструкции. Тие постојано се исклучувани од јавниот простор и нивните содржини тешко се промовираат. Со новите промени за очекување е да им биде обезбеден простор на мејнстрим западните медиуми. На чело на оваа „банда“ стојат CNN и FOX  News чија пропаганда очигледно се толерира.

Извори: The Drum, VentureBeat

Претходна статијаFacebook се менува. Но, дали кон подобро?
Следна статијаInstagram тестира текстуални Stories