facebook-pages-new

Повеќето од вас сигурно веќе го имаат забележано новиот дизајн, кој одреден период постепено е пуштан за сите корисници. До овој ден тој најверојатно е пуштен за сите, па оваа информација ќе ги објасни промените кои се направени.

Се работи за промени само кај Facebook страните, односно промени нема кај профилите на корисниците, како и кај групите.

Промените се очигледни и ќе ги забележите веднаш по отворањето на некоја страна. Тие најмногу може да се забележат во два елементи од страните. Прво, профилната слика веќе не се наоѓа врз насловната и е преместена на левата страна до насловната слика.

Со тоа, насловната слика доаѓа во преден план и нема ништо што истата ја крие. Страните кои ги имаат направено поинтересни своите слики со нивно поврзување, сега ќе мора да ги сменат сликите за истите да не изгледаат чудно.

Големината на насловната слика останува иста, па некои посебни промени кај страните нема да има потреба да се прават.

Исто така, навигацијата на страната е направена нешто поразлично. Наместо табовите кои беа достапни под насловната слика, сега навигацијата се прави на левата страна, може да се каже слично како кај обична веб страна.

На менито на левата страна можете да ги најдете работите како Home, About, Photos, Videos и слично.

На новиот дизајн исто така може да се забележи поголем акцент на синото копче кое администраторите на страните може да му дадат функција од поголем избор како што се Дознајте повеќе, резервирајте, контактирајте не и слично. Ова копче сега е поголемо и се наоѓа веднаш под насловната слика.

Новиот дизајн може да се каже дека остава поголем акцент на содржината која се споделува на страната. Останатите елементи се наоѓаат од страните, кои исто така придонесуваат до полесна навигација низ страната и нејзините содржини.

Претходна статијаPost or not – дали да ја објавам оваа слика или не ?
Следна статијаLG потврди – новиот V20 телефон ќе има моќен аудио засилувач
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.