Facebook

Соочени со сите случувања и скандали околу злоупотребата на личните податоци на корисниците преку разноразни апликации и фирми кои ги користат тие податоци за подобро таргетирање и микромаркетинг на корисниците за политички цели, Facebook беше принуден да направи промени. Корисниците сега бараат поголема транспарентност по скандалите со Cambridge Analytica, како и решенија од одговорните како компанијата планира да се справи со ваквите настани.

Во текот на вчерашниот ден, одговорното лице на Facebook за приватност на податоците, Erin Egan, одговори дека луѓето ќе добиваат дополнителни информации за нивните сетирања за приватност во наредните денови. Поконкретно, корисниците ќе гледаат на своите телефони различни работи кои ги споделуваат со останатите, почнувајќи од препознавање на лица, лични информации, како и реклами кои ги делат со останатите.

Ова е слично на барањата кои Европската Унија ги постави за приватност (попознати уште како GDPR), но сега од Facebook не се ограничуваат само на европски државјани, туку ова ќе биде практика за сите корисници низ светот. Впрочем, тоа е сосема логично, оти во интерес на доброто на социјалната мрежа е да се грижи за своите членови и тоа не би требало да биде ограничено по региони или барања на поединечни закони.

Имено, Facebook ќе споделува “персонализирани пораки” со корисниците на следните теми:

  • како тие ги користат нашите податоци за да изберат која реклама ќе ни биде прикажана
  • политички, религиозни информации, како и лични врски кои ги споделиле корисниците
  • препознавање на лица – како работи и како може да се оневозможи
  • ажурирани услови за сервисот и полиси за приватност

Идејата е едноставна: луѓето ќе гледаат сумаризација на изборите кои веќе ги направиле и нема да гледаат информации за функционалностите кои ги оневозможиле или одлучиле да не ги користат.

Повеќе информации за ова ќе имаме наскоро, кога сите најавени функционалности ќе бидат имплементирани и ќе можеме директно да ги испробаме.

Во меѓувреме, бидете во тек и посетувајте не’ за сите актуелни случувања и интересни моменти кои ги издвојуваме за вас ✌

Претходна статијаЕстонија – државата која прва воведе бесплатен јавен превоз во светот
Следна статијаРеално или не: Вештачка интелигенција ќе ни бира претседател во иднина?