Според информациите кои Facebook ги добива од своите корисници, не секогаш блокирањето на некој корисник значи и крај на интеракцијата со тој корисник. Тоа е така поради фактот што корисниците не ретко знаат да имаат повеќе од една Facebook сметка, па истата да ја користат доколку се блокирани на едната.

Од компанијата истакнуваат дека тие ги имаат подобрено своите мерки кои ги препознаваат ваквите корисници и тие подобро ќе бидат спречени повторно да контактираат со некој кој веќе ги има блокирано.

Еден од начините кои ги истакнуваат од Facebook преку кој ќе го направат истото е IP адресата на корисникот којшто веќе има повеќе сметки или при креирањето на нова сметка.

Од компанијата истакнуваат дека новите мерки се веќе во сила, па корисниците кои се вознемирувани од некого, можат слободно да притиснат на блок копчето и да бидат сигурни дека таа личност нема да може или многу потешко ќе може повторно да ги контактира.

Покрај оваа промена, Facebook воведува и можност за игнорирање на пораките во Messenger. Не сме сигурни зошто оваа функција се истакнува како нова, веќе одамна е достапна, меѓутоа можеби има дополнителни можности.

Со игнорирање на пораките од одреден корисник, односно преку притискање на опцијата за игнорирање, пораките ќе бидат пренесени надвор од инбоксот, па веќе нема да пристигаат известувања за тие пораки.

Исто така, пораките може да се проверат, без на корисникот којшто ги испраќа да му биде прикажана seen ознаката, односно нема да знае дека пораките се прочитани.

Од Facebook истакнуваат дека проблем со вознемирување најчесто пријавуваат женските корисниците на мрежата, како и новинарите.

Извор: Facebook, Gizmodo

Претходна статијаThor планира да биде сериозна конкуренција на Tesla
Следна статијаGoogle Chrome започнува со блокирање на реклами од 15 февруари 2018
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.