On This Day е може да се каже интересна можност достапна на Facebook која им овозможува на корисниците да се потсетат на нешто од минатото. Ова е посебно интересно за тие кои многу почесто објавуваат нешто на мрежата, па секој ден може да биде потсетување за некој интересен пат, забава, настан и слично од годината што изминала.

Од Facebook изгледа сметаат дека оваа можност може да се подобри, па и дадоа ново име, дополнето со неколку нови функции.

Facebook Memories е новото име кое ќе стои на местото на On This Day на истото место на Facebook апликацијата, односно веб страната на десктоп.

On This Day ќе остане како еден од неколкуте нови делови на Facebook Memories, па доколку ова е нешто што за вас е интересно и корисно, ќе можете да продолжите да го користите. Дополнувањето на Facebook Memories ќе ги вклучува следните нови работи:

Friends Made On This Day – односно пријатели направени на овој ден. Како што кажува и самото име, како корисници ќе може да гледаме со кого сме станале пријатели на Facebook на одреден ден. Ова е нешто што беше достапно на Facebook, меѓутоа сега станува официјален дел на Facebook Memories.

Recaps of Memories – на одреден период од неколку месеци, автоматски ќе се овозможи прикажување на сумирани „сеќавања“ кои ќе се прикажат како некоја порака или видео.

Memories You May Have Missedовој дел е показател дека Facebook сака повеќе да се користи Memories делот, па за тие кои не толку често го проверуваат, ќе има дел каде ќе може да ги видат пропуштените сеќавања од изминатата недела.

Facebook Memories за нас се’ уште не е достапно, па како и обично, пуштањето иде етапно, па можете да очекувате да го видите во периодот што следи, ако веќе за вас не е овозможено.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаGoogle веќе нема да дозволува инсталирање на Chrome додатоци надвор од Chrome Web Store
Следна статијаFirefox тестира две нови можности – промена на боите на прелистувачот и отворање на две страни во еден прозор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.